Правила на НАГРАДНАТА ИГРА „Вегета - 100% оригинална“ - Вегета 100% оригинална
Насловна страна

Правила на НАГРАДНАТА ИГРА „Вегета - 100% оригинална“

Gornji svijetli border Gornji tamni border

Правила на НАГРАДНАТА ИГРА „Вегета – 100% оригинална“ (во натамошниот текст: „Правила“)

Член 1 – Компанија и седиште на организаторот

Oрганизатор на наградната игра е Друштвото за трговија и услуги Подравка ДООЕЛ Петровец, со седиште на адреса: ул.9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, со ЕМБС 4276663 и ЕДБ 4030992253046(во натамошниот текст: Организатор).

Член 2 – Име на наградната игра, време и место на одржување

Името на наградната игра е „Вегета – 100% оригинална“. Нaградната игра ќе трае од 07.11.2020 година до 07.12.2020 година во 23:59:59 часотна територијата на Република Северна Македонија.

Член 3 – Цел на наградната игра

Целта на наградната играе да се зајакне врската со потрошувачите и да се рекламираат производите„Вегета“од истоимениот бренд на Организаторот.

Член 4 – Услови за учество во наградната игра

Во наградната играод Член 2, право на учество имаат сите граѓани над 18 години кои живеат во Република Северна Македонија. За да се учествува во наградната игра, заинтересираниот учесник треба да подготви рецепт, односно да подготви јадење кое ќе биде направеноод само пет состојки, од кои едната е „Вегета Оригинал“, а останатите четири – произволни состојки. Пријавувањето е онлајн, на веб страницата www.vegeta.mk преку посебен онлајн формулар. За да го подготви рецептот, учесникот може да избере од претходно понудените состојки во формуларот за пријавување, но исто така може да додаде и своја состојка која не е на списокот. Секој учесник кој ќе пополни онлајн пријава за учество во наградната игра најдоцна до 07.12.2020 година. во 23:59:59 часот, автоматски влегува во базата од која ќе бидат наградени 6 учесници.

Право на учество во наградната игра имаат сите граѓани со живеалиште во Република Северна Македонија, освен вработените во Подравка ДООЕЛ и членови на нивното потесно семејство.Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.

Секој учесник може да учествува во наградната играсо повеќе пријави, но може да биде награден само еднаш. Доколку, по извлекувањето на победникот, се утврди дека доставените податоци се нецелосни и / или неточни, таквата пријава за учество ќе се смета за неважечка.

Член 5 – Погрешни и неправилни пријави

Организаторот го задржува правото да дисквалификува учесник во кој било кој момент за времетраење на наградната игра, особено во следниве случаи: Ако учесникот ги прекрши правилата или остави неточни или нецелосни лични податоци при внесувањето на личните податоци. Доколку пријавата содржи незаконска, опасна, злонамерна, расистичка, клеветничка, непристојна, порнографска, вулгарна или ксенофобична содржина. Пријавата не смее да прикажува или повикува на криминално или незаконско однесување. Ако се покаже дека реализираната пријава е генерирана од скрипти, макро команди и други форми на автоматизиран процес или билокакви софтверски решенија. Од која било друга причина за која Организаторот смета дека негативно влијае на правичноста на наградната игра.

Член 6. – Награден фонд

Наградниот фонд вклучува:

1x KitchenAid Bosch – универзален кујнски апарат – мултипрактик сет BOSCH MUM44R1, 500W, црвен, 3,9l со вредност од 5.240 денарисо вклучен ДДВ.
5x пакет за подароци Вегета (Вегета 250г, Вегета стаклена доза 400г, Вегета Натур 150г, Вегета Натур за пилешко 30г, Vegeta Natur за крцкави компирчиња 30г, Димена пиперка Vegeta Maestro 70г, Оригано Vegeta Maestro 5г,Мускатно оревче цело 15г,Босилек Vegeta Maestro 14г, Куркума Vegeta Maestro 44г, Лук Vegeta Maestro 55г) со вредност од 1.841,00 денари.
Односно вкупната вредност на наградниот фонд изнесува7.081,00 денари со вклучен ДДВ.

Член 7 – Извлекување на имињата на добитниците на награди и контрола на извлекувањето

Извлекувањето  на имињата на добитниците на наградите и контрола на извлекувањето на имињата на добитниците ќе се одржи на 10.12.2020 во 10:00часот. Извлекувањето ќе го надгледува трочлена комисија од Подравка (Мислав Матијевиќ – маркетинг директор, Трајковска Даниела – директор на финасии, Емилија Ќорнакова – маркетинг менаџер), а учествуваат сите пристигнати пријави заклучно со 07.12.2020 година. во 23:59:59 часот.

Извлекувањето ќе се врши по компјутерски пат во просториите на Подравка ДООЕЛ – Петровец,  со адреса на ул. 9, бр. 4, Мултифункционална индустриска зона Ќојлија, Петровец, Р. Северна Македонија. Извлекувањето ќе го надгледува трочлената комисија по што ќе биде направен записник кој ќе ги содржи имињата и презимињата и адресите на добитниците на награди. Задолжително ќе се провери дали се исполнети барањата/условите од Член 4. на овој Правилник. Извлечените пријави кои нема да ги исполнат барањата/условите од член 4. на овој Правилник, нема јавно да се објават, а истите ќе бидат посебно записнички утврдени.
Доколку во наградната играсе вклучат помалку учесници од бројот на награди кои се предвидени со наградниот фонд, ќе се доделат онолку награди колку што има и учесници.

Член 8 – Објавување на резултатите од Наградната игра

Резултатите од наградната игра ќе бидат објавени на www.vegeta.мк најдоцна 3 дена од денот на извлекувањето на наградените од наградната игра. Објавената листа на добитници ќе содржи: име и презиме и место на живеење. Доколку некој од добитниците не се пријави во наведениот рок, Организаторот има право да контактира со друг учесник кој се пријавил во наградната игра и ги исполнил сите Правила (резервен добитник).

Член 9 – Идентификација на добитникот на награда

Победникот го остварува правото на наградата откако Организаторот ќе изврши увид во неговиот документ за лична идентификација, а во спротивно тој го губи правото на наградата. Сите добитници треба да го потврдат својот идентитет со свој валиден документ – лична карта.

Член 10 – Начин и рок за подигање на наградите

Победниците ќе ги добијат пакетите со достава преку „Карго Експрес“до нивната домашна адреса најдоцна во рок од 45 работни дена од датумот на објавување на резултатите од наградната игра. Наведениот рок за испорака на наградите може да се продолжи само доколку победникот му се обрати на Организаторот дека од објективни причини не може да јапревземеземе наградата, но не подолго од 60 дена или ако Организаторот не е во можност да ја достави наградата поради виша сила во наведениот рок. Организаторот на наградната игра не сноси никаква одговорност за задоцнети, изгубени или неправилно испратени пратки, како и за нередовна достава (кога добитникот е известен за примената пратка, но не ја подигнал). Победникот нема можност да добие парични награди или награди за замена (наместо наградата што му ја доделило стручното жири на Организаторот). Наградата е непренослива.

Член 11 – Начин на запознавање на учесниците со Правилата на Наградната игра

Начинот на учество во Наградната играсе објавува од 07.11.2020 година на веб – страницата www.vegeta.мк. Со учествотово оваанаграднаигра, учесниците ги прифаќаат и се обврзуваат да ги почитуваат правата и обврските пропишани во овие Правила. Сите учесници во Наградната играсе запознаени со „Политиката за приватност“ наведена на веб-страницата www.vegeta.мк, како и со „Условите за користење“ на истата веб-страница.

Член 12. -Право на објавување и сопствеништво на медиумските содржини

Учесниците се согласни, доколку станат добитници на некоја од наградите, нивното име, презиме, адреса, фотографија и снимен материјал, Приредувачот да може да ги користи во промотивни активности преку сите медиуми, без надокнада и во согласност со добитникот. Исто така, Приредувачот ги задржува сите права на објавување и сопствеништво на медиумските содржини, кои произлегуваат од врачувањето на наградите на добитниците. Добитникот е обврзан во целост да соработува со Организаторот, а во врска со креирањето и објавувањето на содржините произлезени од наградната игра и во врска со наградната игра.

Член 13.-Право на приговор и решавање на спор

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на Наградната иградо Организаторот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.
Во случај на спор помеѓу Приредувачот и учесникот во наградната игра„Вегета – 100% оригинална“, надлежен е Основниот суд во Скопје.

Член 14. Можност за прекин на наградната игра.

Наградната играможе да се прекине единствено во случај на виша сила, а по добивање согласнот од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија.

Член 15. – Валидност на правилата на наградната игра

Овие правила ќе бидат јавно објавени на на веб сајтот на Организаторот www.vegeta.mk по добивање на согласност од Министерството за финансии на Р. Северна Македонија.