Поширани јајца со авокадо и потпечени лепчиња - Вегета 100% оригинална
Насловна страна

Поширани јајца со авокадо и потпечени лепчиња

ЈВ
korisnik
јајца
јајца
Авокадо
Авокадо
Маслиново масло
Маслиново масло
леб
леб

Прво ги пошираме јајцата. Во подлабока тава или во тенџерче ставаме вода и чекаме да зоврие. Во шолја кршиме јајце. Штом видиме дека водата е пред вриење го намалуваме огнот и со маталка мешаме во еден правец за да направиме вртлог. Во вртлогот го ставме јајцето. Вариме 4 до 8 минути во зависност колку сакаме да ни е течна жолчката. Со голема лажица со дупки го вадиме готовото јајце. Постапката ја повторуваме со преостанатите јајца. Во меѓувреме лебот го сечеме на кришки. Го напрскуваме со маслиново масло и наросуваме вегета. Го ставаме на тостер или грил тава за да се потпече. Во тањир ги ставаме готовите јајца и кришки авокадо. Се полеваме со малку маслиново масло и со вегета. Сервираме со потпечените лепчиња.