Потпечени макарони - Вегета 100% оригинална
Насловна страна

Потпечени макарони

ДК
korisnik
макарони
макарони
јогурт
јогурт
сирење
сирење
јајца
јајца

Во подлабок сад го ставаме сирењето, околу 200 г (по вкус), ставаме 1/2 л. јогурт и 2 јајца и смесата ја мешаме да се изедначи.
Во меѓувреме, настрана во друг сад, ги вариме макароните 3-4 минути и ги цедиме од водата.
Во тава ги ставаме макароните, ги преливаме со претходно направената смеса, ставаме лажица ВЕГЕТА оригинал, промешуваме, и тавата ја ставаме во рерна. Готвиме околу 20 минути, на 200 степени. Брзо, лесно и превкусно! Наздравје!