Го лупиме и сецкаме модриот домат на ситни коцки. Го ставаме во тавче со загреано масло да се пржи. Му додаваме вегета. Пржиме додека не изврие цела вода што ќе ја пушти модриот. Во сад мешаме масло и кисела вода. Ставаме една кора на работната и ја попрскуваме со водата со масло, врз неа ставаме уште една кора и ги сечеме надолжно на половина. На крајот од секоја половина ставаме од филот од модар домат. Ги свиткуваме краевите навнатре за да ги затвориме и мотаме ролати. Ја повторуваме постапката со останатите кори. Вака спремните ролати може да се испржат во масло или да се испечат во претходно загреана рерна додека добијат златно румена боја.
Ролнички со модар домат
ЈВ
korisnik
Кори за пита
модар патлиџан
Масло
Кисела вода