Прво ги спремаме јајцата. Во подлабока тава или во тенџерче ставаме вода да зоврие. Кршиме по едно јајце во шолја. Кога ќе видиме дека водата во тенџерето е пред вриење го намалуваме оганот и со маталка мешаме во еден правец за да направиме вртлог. Во него го ставаме јајцето. Вариме околу 4 до 8 минути во зависност од тоа колку сакаме да е течна жолчката. Постапката ја повторуваме за секое јајце поединечно. Во меѓувреме сечеме од лебот на кришки напрскуваме со маслиново масло, наросуваме со вегета и ги ставаме на тостер или на грил тава да се потпечат. Во чинија ги ставаме јајцата и кришки авокадо. Поливаме со маслиново масло и наросуваме вегета. Сервираме со печените лепчиња.
Поширани јајца со авокадо и потпечени лепчиња
ЈВ
korisnik
јајца
Авокадо
Маслиново масло
леб